Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен дожд и појава на грмежи претежно на истокот и југот од земјава. Ќе дува повремено засилен северен ветер особено долж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 23 до 30 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 27 степени.
УВ индексот ќе изнесува 4. И во четврток се уште ќе има зголемена облачност, наместа и услови за локален дожд особено во јужните делови од земјава. И понатаму ќе биде ветровито со северен ветер.
Од петок се очекува времето да биде стабилно со постепен пораст на дневната температура.