Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 0°С до 10°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 9°С односно до 17°С.
Во Скопје во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 6°С степени, а дневната температура до 15°С.
Во сабота ќе биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Поинтензивни врнежи од дожд се очекуваат во попладневните и во вечерните часови. Ќе дува засилен југоисточен и јужен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од 3°С до 10°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 8°С до 15°С.
Во недела ќе биде умерено облачно со услови за слаби локални врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 3°С до 10°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 8°С односно до 15°С.
Од понеделник продор на студена воздушна маса од север, која ќе услови осетен пад на температурите.
weather4all.com.mk