Времето денес: Сонце и облаци – Викендот дожд и ветер


Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 0°С до 10°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 9°С односно до 17°С.

partly_cloud_cloudy_day_weather_sunny_windy_partly_sunny_weather_clear_rainyВо Скопје во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 6°С степени, а дневната температура до 15°С.

Во сабота ќе биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Поинтензивни врнежи од дожд се очекуваат во попладневните и во вечерните часови. Ќе дува засилен југоисточен и јужен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од 3°С до 10°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 8°С до 15°С.

Во недела ќе биде умерено облачно со услови за слаби локални врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 3°С до 10°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 8°С односно до 15°С.

Од понеделник продор на студена воздушна маса од север, која ќе услови осетен пад на температурите.

weather4all.com.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1