Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло. Во текот на денот ќе има мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен северен ветер кој повеќе ќе биде изразен по должина на Поварадарието.
Температурата ќе се движи од 23 до 29 степени.Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 27 степени.
Во наредните денови следува период на претежно стабилно и потопло време.
Вo недела и на почетокот на наредната седмица во попладневните часови само во источните делови на земјава ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.










