Ќе никне уште едно чудо на плоштадот – почнува да се гради фонтаната


Започнуваат градежните работи за изградба на таканаречената сува фонтана (џампинг џет), на плоштадот „Македонија“, на просторот меѓу фонтаната „Воин на коњ“ и влезот во Камениот мост.

fontanaФонтаната ќе биде со правоаголна форма, со димензии 20 на 10 метри и вкопано армирано-бетонско корито. Површината врз армирано-бетонското корито ќе биде изработена од светлосиви гранитни плочи со димензии 60 на 60 сантиметри и со дебелина од 10 сантиметри.

На плочите од фонтаната ќе бидат поставени ЛЕД светилки со отвори за вградување млазник. Фонтаната ќе ја сочинуваат 128 млазници со 128 светилки. Визуелниот ефект на фонтаната ќе се постигне со игра на млазевите, а навечер и со игра на светлата.

Од Град Скопје известуваат дека во близина на фонтаната ќе се изведе комора-машинска хала во која ќе се постави неопходната опрема за работењето на фонтаната со сензори, скимери, филтри, сонди и друго.Покрај изведбата на површинска фонтана на плоштадот „Македонија“ ќе се изврши и реконструкција на партерот на плоштадот. Водата што прска од млазниците ќе понира меѓу плочите и ќе се враќа во системот. Атмосферските води од партерот преку каналетки ќе се одведуваат преку постојната атмосферска мрежа.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1