Башар Асад победи на претседателските избори во Сирија со 88,7 отсто од гласовите, соопшти претседтаелот на парламентот.
На изборите гласале 73,4 отсто од избирачите.
Најмалку три лица загинале синоќа во Дамаск на прославата за победата на старо-новиот претседател Башар ал Асад. Во текот на прославата повредени се и десетина луѓе.
На изборите Асад освоил 88,7 отсто од гласовите, а неговите противкандидати, Хасан ал Нури и Махир ал Хаџар освоиле по 4,3, односно 3,2 отсто, соопштил претседателот на парламентот Мухамед ал Леман.










