Полицијата ги казнува возачите што при дождливо време не внимаваат како возат и ги прскаат пешаците, но, според граѓаните, тоа не е доволно. При секој дожд, како што информираат од СВР Скопје, пишуваат просечно по 3 до 4 казни за наводенување минувачи. За да биде казнет возачот, моментот на прскањето мора да го види и полицаец, во спротивно, на пешакот му останува само нервозата, пишува Дневник.
Некои скопјани сведочат дека виделе и возачи-насилници, кои уживаат да прскаат пешаци и намерно ги нишанат длабнатините и дупките по патот што се полни со валкана вода. Од Министерството за внатрешни работи велат дека за ваквите несовесни возачи се предвидени казни, но полицаецот прекршокот треба да го констатира на самото место.
– Според членот 129 од Законот за безбедноста во сообраќајот на патиштата, возач кој што движи по коловоз на кој има вода е должен да го приспособи возењето за да не ги прска пешаците и велосипедистите – објасни Лиза Бендевска, портпаролка во СВР Скопје.
Таа додава дека ако не се почитува ова, казната е 35 евра или 15 негативни поени во возачката книшка. Оштетените граѓаните можат да поднесат до нас барање за да се види дали е регистриран ваквиот прекршок, а ние ќе им излеземе во пресрет и ќе им ја извадиме снимката – потенцира Јаковлеска.
Kога времето е дождливо, според податоците на МВР, дневно се изрекуваат 3-4 казни за ваков прекршок.










