Времето на раѓање го обликува вашиот карактер


Како што секој ден во месецот има своја нумеричка вибрација, така и секој час од денот има одредена астролошка фреквенција, која во голем дел може да влијае на осцилациите на нашиот биоенергетски набој. Па така, знаејќи ја нумеричката вибрација на часот на нашето раѓање, можеме подобро да разбереме дел од нашите постапки, ставови и емоции.

24-часовниот циклус е поделен на 6 нумерички станици:bebe vreme ragjanje

РОДЕНИ МЕЃУ ПОЛНОЌ И 04.00 часот наутро
По природа сте тивки и смирени. Имате бујна фантазија и сакате да мечтаете, па понекогаш тешко се снаоѓате во светот на физичката реалност. Имате поетска душа и луѓето често не ве разбираат заради уникатниот и поинаков начин на размислување. Делувате расеано, но имате племенит карактер и секогаш сте спремни за да им помогнете на другите.

РОДЕНИ МЕЃУ 04.00 и 08.00 часот
Вие сте брзи и сосредоточени. Упорни сте и истрајни во сите работни задачи, а особено во практичните нешта. Како ретко кој, вие одлично се снаоѓате во светот на сегашноста и реалноста. Тежнеете да бидете пример за останатите, постојано да се докажувате и да ги потврдувате своите квалитети.

РОДЕНИ МЕЃУ 08.00 и 12.00 часот
Надежта и оптимизмот се главни двигатели на вашето суштествување. Полни сте со живот, ведри и секогаш во креативен немир. Зрачите со несебична љубов и магнетска топлина. Емпатични сте и продуховени. Наклонети сте кон уметноса и философијата и сте личност полна со таленти.

РОДЕНИ МЕЃУ 12.00 и 16.00 часот
Енергични сте, живи и мобилни. Деновите ви се посветени за практични нешта. Добар говорник сте, математичар и физичар, а можете да се снајдете и како книжевник, ако таму ја насочите енергијата. На кратко, вие сте сестрана и талентирана личност што може да успее во многу професии и занаети, особено оние во кои имате можност да го изразите креативниот дух.

РОДЕНИ МЕЃУ 16.00 и 20.00 часот
Вие сте немирен, нервозен и лутачки дух. Движењата ви се динамични, зборовите остри и моќни. Брзо мислите и делувате. Сакате што повеќе да проживеете и го сакате животот во сите видови и облици. Често ги менувате одлуките и ставовите, а неретко истовремено преземате повеќе потфати. Тие што не ве познаваат ќе помислат дека сте брзоплети, но вие добро знаете што правите.

РОДЕНИ МЕЃУ 20.00 и 24.00 часот
Вие сте умерена, рационална и упорна личност. Сакате да доминирате над нештата и ситуациите. Имате склоност кон философија и книжевност. Исто така сте и продуховени, а кога би сакале, би можеле да имате голем импакт на луѓето околу себе. Авторитетни сте (дури и без да сакате) и во семејството, и во друштвото. Некогаш делувате вообразено, но тоа е одраз на големата самодоверба и животната и креативната енергија што ја поседувате.

365.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1