Премиерот Зоран Заев вчера во дуелот со претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара отвореност на опозицијата во однос на последниот предлог на македонскиот преговарачки тим во спорот со Грција за името, но не доби конкретен одговор што му недостига на предлогот Република Илинденска Македонија.
Заев, исказите на Мицкоски ги оквалификува како „киша око Крагуевац”, а на тоа Мицкоски обвини дека власта ги распродава националните интереси и додаде:
-Јас не сум „како киша око Крагуевац”, туку како надојден Вардар со многу факти и аргументи.
Оваа полемика беше на тв дуелот во пакетот прашања за надворешната политика односно решавањето на спорот за името со Грција и потпишаниот договор за добрососедство со Бугарија.