Во согласност со Законот за празниците на Република Македонија, 6 јануари 2015 година (вторник), Бадник, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, додека 7 јануари 2015 година (среда), првиот ден на Божик според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.