Вучиќ ја крена борбената готовност на Војската, ако НАТО не ги смири косоварите влегува на Косово


Претседателот на Србија Александар Вучиќ не чекаше многу да реагира по немирите на Косово.Тој веднаш се упати во една од базите близу административната граница нареди подигање на борбената активност на Армијата.

Тој во Рашка ќе се сретне со претставници на Србите на Косово. По состанокот не е исклучено тој да нареди српската војска да влезе на Северот на Косово и да ги заштити Србите.

Српските власти бараат НАТО да обезбеди мир во реонот на Митровица. НАТО веднаш се огласи и вели дека ќе продолжат да го обезбедуваат мирот на Косово.

Косовската полиција спроведува операција за спроведување на законот низ Косово. Мисијата КФОР предводена од НАТО е во постојана комуникација со сите релевантни институции во Косово и со меѓународната заедница и останува целосно фокусирана на секојдневното спроведување на својот мандат за да обезбеди безбедна циркулација и слобода на движење за сите заедници што живеат во Косово – изјави претставник на НАТО за Танјуг.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1