Српскиот претседател, Александар Вучиќ денес на граничниот премин Табановце ги донираше првиот дел од вакцините на Фајзер кои вкупно ќе бидат 8.000.
По примопредавањето на вакцините, премиерот Зоран Заев го почести Вучиќ со ручек во винаријата и ресторанот „Камник“.
Им благодарам на гостопримливоста на Зоран Заев и на сопственикот на винаријата Камник. Уживавме во добро вино и со претседателот на Владата на Северна Македонија договаравме заеднички проекти за иднината, напиша Вучиќ на Инстаграм
На својот инстаграм профил, пак, Заев објави фотографија во која вели дека во рамки на соработката и доброто пријателство на претседателот на соседна Србија му подарил икона од светецот Св. Пантелејмон.