Вучиќ: Ако има договор, ќе мора да добиеме гаранции за влез во ЕУ во 2025


Вучиќ: Ако има договор, ќе мора да добиеме гаранции за влез во ЕУ во 2025
Српскиот претседател Александар Вучиќ за Ројтерс изјави дека постигнувањето договор меѓу Белград и Приштина ќе треба да подразбира и јасни гаранции за влегување на Србија во Европската унија во 2025 година.

Но тоа, како што оцени Вучиќ, голем број европски лидери, во време кога следат клучни избори за Европскиот парламент, не би сакале да го слушнат.

-Ако постигнеме договор, Белград и Приштина, несомнено е дека Србија би морала да добие јасни гаранции за влез во ЕУ во 2025 година“, кажа Вучиќ.

Вучиќ порача и дека каков било договор меѓу Белград и Приштина би бил подобар од кое било решение кое може да го донесе некој трет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1