Вучиќ: Косово ќе добие независност, но не затоа што јас ќе го признаам


Александар Вучиќ изјави денес дека Косово во иднина ќе добие независност и сувереност на целата територија, но не затоа што тој ќе го признае, туку затоа што не поминало решението кое тој го нудел, не прецизирајќи што точно нудел на кого.

Вучиќ за телевизијата Пинк кажа дека „она што го нудел не можело да помине без страшен притисок од одделни земји и нивните разузнавачки служби кои активирале цели агенции по различни земји, политички, медиумски и други“.

Тој кажа и дека тие што го критикувале наведувале дека не слушнале никакво решение ни предлог од него, но дека сепак го напаѓале.

„Гледате какво лицемерие е тоа генерално. Велите дека не сте слушнале што содржи тој предлог, се согласувам дека не сте го слушнале, а зошто го напаѓавте? Поради тоа главата ми ја скинавте метафорично, а не ни слушнавте за што станува збор. Па чекајте луѓе, па зошто напаѓавте и уривавте сѐ, а не ни сакавте да слушнете?“, кажа Вучиќ.

Тој додаде дека бил организиран внатрешен дијалог, но дека дел од опозицијата не изнел свој предлог за решавање на косовското прашање.

„И јас ве прашувам што е решението освен што Косово во иднина, не по моја волја и затоа што јас ќе го признаам, ќе добие независност и сувереност на целата своја територија, па потоа ќе прашам многумина кои протестираа и зборуваа многу нешта зошто тоа го правеа и како е можно да не можевте да ја согледате реалноста и ја попречувавте можноста Србија да извлече нешто за својот народ и својата земја“, кажа Вучиќ.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1