Вучиќ нема да присуствува на фудбалскиот натпревар меѓу Албанија и Србија


Српскиот премиер Александар Вучиќ одлучил дека нема да присуствува на фудбалскиот натпревар меѓу Албанија и Србија кој во рамките на квалификациите за Европското првенство 2016-та ќе се одигра во Тирана, пренесува Блиц.vucic

„Србија и Албанија изминатата година работеа многу на меѓусебното разбирање и воспоставувањето на редовни контакти кои придонесуваат за подобра политичка и економска соработка на двете земји, по децении на молчење и замрзнато непријателство. Почнавме да разговараме за големи и важни проекти, како што се изградбата на автопатот Ниш – Драч и пругата Белград – Подгорица – Скадар – Тирана. Добро знам дека денес полесно и попопуларно е да се дигне тензија, видејќи секогаш е поедноставно да се избере линијата на помал отпор и да се свртиме кон омразата, наместо кон рационалното согледување на иднината“, се вели во отвореното писмо на српскиот премиер до српската јавност.

„Сепак, сметам дека албанскиот премиер Еди Рама, како и раководството на Србија, преку размената на најдобрите студенти, им испратија важна порака, не само на нашите народи, туку и на целиот свет, сериозно и одговорно да гледаме во иднината на регионот, Србија и Албанија. Во согласност со тоа, но и поради несекојдневната политизација на еден спортски натпревар, после повеќе телефонски разговори со премиерот Рама, донесов одлука да не патувам во Елбасан, со што главните актери на фудбалскиот натпревар би биле спортистите“, порачал Вучиќ.

Тој додал дека како претседател на српската влада, најостро го осудува хулиганскиот напад на албанските навивачи над српските фудбалери, и побарал од албанските власти да се погрижат за тоа на сите кои ќе присуствуваат на овој спортски настан, да им биде обезбедена целосна сигурност пред, за време и по одржувањето на натпреварот.

„На нашите фудбалери им посакувам успех и победа, но пред се ги молам да се борат за грбот и знамето на Србија, и порачувам дека без оглед на тоа дали тие ќе победат или загубат, како претседател на Владата ќе ги пречекам и ќе им посакам многу нови победи во иднина“, заклучува Вучиќ во своето писмо до српската јавност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1