Вучиќ прв до Путин на воената парада во Москва


Со спектакулнарна воена парада Русија одбележа 73 години од победата во втората светска војна. Денот на победата, претсдеателот Путин го искористи да се пофали со најновото оружје што го поседува Русија. На црвениот плоштад во Москва беа презентирани Тенк на далечинско управување опремен со противтенковски ракети, топ и автоматска пушка, робот тенк кој чисти мини, како и дрон кој може да се користи за ракетни напади,набљудување и пренос на залихи.

Парадата беше можност да се видат и ловците пресретнувачи миг 31 опремени со оперативна хипестоничка ракета од класата воздух-земја, воздух море, како и повекенаменскиот борбен авион од петта генерација Су 57. На настанот учестуваа над 13 000 војници.

-Овој празник е од огромно значење за нас и се однесува за секое наше семејство.Нашиот народ се бореше за живот и смрт, ниту една земја не издржа таква инвазија. Со ништо не може да се измери храброст на нашите војници. Се сеќаваме на поуките од историјата и тие не ни даваат да замижеме, изјави рускиот претседател Путин.

Путин додаде светот е многу кревок и дека неговата стабилност зависи од нашата способност да се слушаме едни со други, да имаме доверба и меѓусебна почит . Почесни гости на годинешната парада беа српскиот претседател Вучик и израелскиот премиер Нетањаху.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1