Мирослав Вуиќ, адвокат на вујкото на починатиот Мартин Нешковски, Горан Митановски, рече дека тој ја признал вината за само за да ја скрати судската постапка и студентите кои се во притвор да излезат на слобода. Митановски беше осуден на ефективна казна од 10 месеци затвор, а осум условни казни од по три месеци добија останатите демонстранти, од кои четворица се студенти за протестите на 5 мај. Останатите осум демонстаранти од кои четворица студенти добија условни казни од по три месеци.
Вуиќ смета дека вујкото на Мартин покажал доблест и ја признал вината само за да не продолжи голготата на студентите во притвор каде условите се очајни, јави А1 он.
– Ја призна вината само за да не ја попречува постапката и да заврши поради други деца. Тоа е доблест. Од списите на предметот нема толпа, неговото дејствие е поединечно и тој ја брани само својата сестра. Кој тоа не би го направил па макар да се работи и за полицаец и ако видите дека вашата сестра е истуркана или туркана – изјави Вуиќ.
Видео – А1Он.мк