Вулин „распали” по Пендаровски: Ако молчиш за „Голема Албанија” молчи си и за Србија


Српскиот министер за одбрана Александар Вулин му порача на македонскиот претседател Стево Пендаровски дека не треба да се занимава со тоа како Србија ќе го реши проблемот со Косово и особено да не зборува за Голема Албанија.

По изјавата на Пендаровски дека идејата за корекција на границите помеѓу Белград и Приштина е незамислива и грозна, Вулин вели дека Пендаровски ѝ должи на Србија почитување, а на сопствениот народ изјава за тоа што мисли за идејата на Тачи и за обединување на Албанците во „голема Албанија“.

– „Ако идејата за разграничување е ‘грозна и недостојна за 21 век’, тогаш Пендаровски би можел да го повлече признавањето на Косово од почетокот на 21 век или да ја осуди НАТО агресијат која доведе до етничко чистење на Србите од Косово и Метохија. Веројатно Пендаровски забележал дека на мапата на „голема Албанија“ се наоѓа половина Северна Македонија? Ако не ја видел мапата, нека му ја покаже претседателот на Собранието, Талат Џафери кој радо и пред камерите ја покажува. Ако молчи за „голема Албанија“ слободно нека молчи и за Србија“, изјави Вулин за РТС.

Претседателот Пендаровски се нема огласено по изјавата на Вулин.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1