Беља распали по Заев: Ако смртта на 6 бебиња е „тропање глупости” вие сте нечовечен


Откако вчера Зоран Заев го искоментира разрешувањето на Валон Беља, и тој се огласи на Фејсбук и „распали” по премиерот.

– Со Валон Беља или не знам точно како е името на досегашниот економски директор, проблемите се од поодамна. Тој е меѓу оние директори кои беа дел од дебатата за промени. Тој веројатно кога слушна дека ќе биде променет истапи со вакви работи. Делот со индиции за одредени криминални дела истражните органи треба да го проверат, почнувајќи од Зоран Заев па натаму по хиерархија на извршната власт. Суштината да вака настапи директорот беше тоа што му беше соопштено од неговите дека ќе биде разрешен и тој тргна по тој пат. Затоа се случи одлуката на министерот веднаш да биде разрешен затоа што со соопштување на одлуката и неговиот начин на прифаќање на таа одлука, да тргне во тој правец, дефинитивно може да направи непоправливи штети, не заради тоа што ќе зборува за одредени работи, туку заради тоа што тропа глупости од секој можен аспект. Не можеме да дозволиме никој да игра играчки со институциии и со позицијата на која бил поставен, рече вчера Заев.

На ова следеше реакција од Беља.

– – До Премиер на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

Ако за една недела ви умираат 6 (шест) новородени бебиња, и вие го толкувате како “тропање глупости” тогаш дефинитивно имате проблем со вашата човечност.

Жалам многу што родителите на овие новороденчиња и на покојните пред нив мораа да слушат ваков вокабулар на еден Премиер.

Во другите држави се оди во затвор за вакви случаеви но не и кај нас.

Па уште да спомнувате позиции …напиша тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1