Вулканот Етна почна да еруптира


Вулканот Етна, еден од навјисоките и најативни вулкани во Европа, почна да еруптира синоќа со фонтани лава кои овозможија спектакуларно шоу.etna1-640x427

Се претпоставува дека ерупцијата и лавата ќе продолжат и утре.

Вулканолозите ја класифицираа ерупцијата како „Strombolian“ – категорија која се карактеризира со експлозивна активност кога со голема сила се исфрлаат саѓи, пепел и чад од самиот кратер.

Според Националниот институт за геофизика и вулканологија на Италија, ерупциите во моментот не претставуваат опасност за луѓето. Аеродромот во Катанија кој се наоѓа во близина не е засегнат и продолжува со работа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1