Македонија има многу таленти и не ретко ни се случува да занемеме од нечија изведба. Но во случајот на ова момче навистина можеме да кажеме само БРАВО!!! Песната ја добивме на нашиот меил и се фативме како ја ислушавме изведбата на ова момче од почеток до крај во еден здив. Она што е посебно е што момчево, со име Слободан Пајдаков, оваа позната песна ја изведува само со гитарата како поддршка која самиот ја свири и неговиот специфичен глас, а ќе добиете впечаток дека навистина звучи богато, исполнето, како да е цел бенд зад него.
Прочепкавме малку за момчево и најдовме дека веќе некое време се бави со музика. Има свој бенд, учестувале на многу гитаријади низ Македонија, а однеле и неколку награди.
Вљубеник е во Хеви Метал и има прекрасна специфична боја на гласот. Очекуваме допрва да слушаме за ова момче и за неговиот бенд.
Слободан секоја чест!!! Слушнете зошто го велиме ова –