За 20 долари си го продаваат телото на Косово


Девојки од градовите низ цела Србија се почесто одат на Косово за да се проституираат. Србинките сексуалните услуги им ги нудат на припадниците на КФОР и на Албанците.

Девојки од Ниш, Крушевац, Врање и Белград веќе неколку години одат во градовите на Косово, каде што своите сексуални услуги ги наплаќаат – 20 долари!prostitutes31sla

Според Новости, тие претежно се проституираат со припадниците на КФОР, но и со Албанците, не прават никакви разлики меѓу нив, важно им е единствено добро да плаќаат.

Девојките од јужна и западна Србија се обезбедувани од одделни Срби, кои имаат свои „пајташи“ Албанци на Косово и Метохија, кои ги преземаат, им обезбедуваат засолниште и храна, но и клиенти.

Соговорникот на Новости вели дека во последниве години Албанците ја преселиле проституцијата во приватните домови и бизнис-придружбите, за да не бидат откриени.

„Во последно време многу млади белграѓанки доаѓаат индивидуално на Косово, се сместуваат во хотел и одат да заработуваат со најстариот занает во светот“, вели овој човек од Врање. „Токму тие ги намалија тарифите за сексуални услуги од 50 на 20 долари.“

Девојките од Србија, објаснува тој, при проституирањето не инсистираат мажот да биде „заштитен“. Од друга страна, младите Албанки, кои почнале сериозно да им конкурираат на девојките од Србија, не легнуваат во кревет со клиентот ако не се користи заштита.

Во извештаите на американскиот Стејт департмент објавени изминатите години се наведува дека Косово е почетна, крајна и, веројатно, транзитна земја за жените и децата што се изложени на трговија, заради сексуална експлоатација.

Во Бујановац потврдуваат дека со препродажба на девојки се занимавале заедно и Срби и Албанци, за кои не постои административната линија меѓу Србија и Косово, зашто и за време на оружените судири на ова подрачје „братски“ ги разработувале шверцерските канали на бели робја.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1