За 5 евра дневно пијани Индијци нуркаат во градски канализации


Иако владата со закон забрани во 1993 година, градските власти си тераат по старо, ангажираат нуркачи без никаква опрема, за чистење и одржување на канализациите.

Индиецот Деви Лал за само 5 евра дневница, секојдневно влегува во канализациите во Њу Делхи и ги чисти запушените цевки. Единствена „нуркачка опрема“ на 43 годишниот Лал е способноста да издржи под вода без никаква боца, неговата „заштитна опрема“ се искинатите панталони, а нечистотиите ги вади со мотика.

За волја на вистината власите не го оставаат на милост и немилост – дневно му даваат и по еден литар ракија, Лал влегува пијан во канализацијата и едноставно работата „тече“ полесно. Иако владата строго ја забрани ваквата пракса, за градските власти очигледно е полесно вака. Со оглед на тоа што 69 насто од Индијците живеат со 2 евра дневно, нуркањето во канализација е дури и примамлива професија, многумина ја работат. Дури 70 отсто од овие нуркачи умираат на работното место.

Tags: , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1