Државјани на Србија ги користеле браковите со Унгарци за добивање на работни дозволи во земјите на ЕУ, пред се во Австрија и во Германија
Унгарските власти се посомневале дека нешто не е во ред кога пред неколку месеци во тамошната Агенција за имиграции и државјанство почнале да пристигнуваат по дури 30 изводи од матичните книги на венчаните дневно, а во кои еден од сопружниците бил унгарски, а вториот српски државјанин.
Мажите, најчесто, биле од јужниот дел на Србија, а „невестите“ од пограничните места во Унгарија. Истрагата покажала дека станувало збор, главно, за фиктивни бракови за кои „сопружникот“ од Унгарија добивал и до 1.800 евра.
„Сопружниците“ живееле на различни адреси, а браковите биле само заради добивање работни дозволи, најчесто во Германија и во Австрија.