За деформациите кај бебињата виновен е пестицид на „Монсанто“, не вирусот зика


Во моментов инернетот го брануваат прашања во врска со извештајот во кој се вели дека поверојатно е дека зголемената појава на микроцефалија се должи на употребата на еден пестицид, отколку на ширењето на вирусот Зика.

Пестицидот за кој се работи во овој случај е пирипроксифен – ларвицид наменет за борба против комарецот „Aedes aegypti“ кој го шири вирусот Зика. Производител на овој пестицид е компанијата „Сумитомо Хемикал“(Sumitomo Chemical), која се поврзува со земјоделскиот гигант Монсанто.zika 30-mikrocefalija

„Во областите каде живеат повеќето од заболените лица, хемискиот ларвицид што предизвикува малформации кај комарците, бил применуван 18 месеци, а овој отров (пирипроксифен) се става од страна на државата и во водата за пиење што ја користи погоденото население“- се вели во извештајот од аргентинската група „Physicians in Crop-Sprayed Towns (PCST)“ што беше објавен минатата недела.

Групата додава дека „Не се работи за коинциденција“ што бројот на случаи со микроцефалија се зголемил во Бразил каде што се употребува пирипроксифенот, додека во Колумбија, Зика инфекциите не се поврзуваат со микроцефалијата и покрај фактот што Колумбија се наоѓа на второ место по инциденцијата на Зика, веднаш после Бразил.

Покрај тоа, и во Бразил, сите случаи на микроцефалија не се поврзани со Зика. „Откако експертите детално разгледале 723 случаи, откриле дека кај повеќе од половината или не се работело за микроцефалија, или не биле поврзани со Зика“- пишуваше „Washington Post“, минатиот месец.

Како реакција на овој извештај една бразилска држава ја суспендираше употребата на пирипроксифен.

Сепак, за што точно се работи во овој случај?

Додека некои велат дека доказите кои ја покажуваат поврзаноста на пирипроксифенот со микроцефалијата се „убедливи“, други ова го нарекуваат „теорија на заговор“ и Светската здравствена организација (СЗО) инсистира на тоа дека пирипроксифенот е безбеден за употреба во препорачаните количини.zika virus evropa

Реално, во моментов постојат само посредни докази дека пирипроксифенот во водата за пиење во Бразил може да го зголеми ризикот од микроцефалија и дека оваа поврзаност е посилна кога не постои дефинитивна причинска врска помеѓу невролошкото заболување и Зика вирусот. Луѓето бараат одговори, па затоа е разбирливо што на новите докази или хипотези им се посветува големо внимание, во обид да се најде смисла на она што сега ни се случува.

Но, дали недостатокот на научни докази за поврзаноста на микроцефалијата и Зика е еднаква со недостатокот од докази што го поврзуваат пирипроксифен со микроцефалијата? Не сосема!

Кога СЗО експлицитно вели дека поврзаноста помеѓу микроцефалијата и Зика сѐ уште не е потврдена, тука не се работи за недостаток од научни докази, туку всушност им се дава повеќе време на научниците, што е неопходно да ги завршат истражувањата како што треба.zika virus

Ако треба експлицитно да тврдат дека постои таква поврзаност, тие треба да бидат 100 проценти сигурни дека тоа е поткрепено со цврсти докази кои покажуваат на кој начин инфекцијата со Зика вирусот предизвикува биолошки промени во фетусот што сериозно го нарушуваат растот.

„За разлика од врската помеѓу Зика вирусот и микроцефалијата што беше потврдена преку тестовите кои покажаа присуство на вирусот во примероци од крв, ткива и плодова вода, врската помеѓу употребата на пирипроксифенот и микроцефалијата, нема научна основа“- се вели во одговорот од владата на Бразил на извештајот од „PCST“.

„Важно е да се напомене дека и во места каде пирипроксифенот не се користи, беа откриени случаи на микроцефалија“.

Според Дона Боуватер од „The Telegraph“, СЗО вели дека дефинитива потврда за поврзаност помеѓу Зика и микроцефалијата ќе има во рок од неколку недели. „Во две одделни студии минатата недела беше откриен Зика вирусот во мозочното ткиво кај абортирани фетуси или деца со микроцефалија кои починале кратко време после породувањето“.virus-zika2

Директорот на Одделот за контрола на болестите и Одделот за здравство на Пернамбуко во Бразил, Џорџ Димеш, за „BBC“ нагласува дека во градот Ресифе моментално има најголем број на пријавени случаи на микроцефалија и дека во тој регион пирипроксифенот не се користи- наместо него се користи друг инсектицид. Неврологот Венеса ван дер Линден додава дека „Промените што ги гледаме при скенирањето на бебињата укажуваат дека оштетувањата се предизвикани од конгенитална инфекција, а не од инсектицид или вакцина.

Ако се земат предвид посредните докази за поврзаноста на микроцефалијата со пирипроксифенот, тогаш е чудно зошто микроцефалијата не е поголем глобален проблем. Овој пестицид е одобрен за употреба во САД и Европа и со години се користи – иако не и во водата за пиење, како што е тоа случај во одредени региони во Бразил.

Сѐ уште има многу прашања поврзани со појавата на микроцефалија која ескалираше во последниве месеци и години. Многу од нив нема да бидат веднаш одговорени, ако научниците не излезат и кажат дека дефинитивно постои врска помеѓу Зика вирусот и микроцефалијата. Но, сѐ додека имаме причинско-последична поврзаност помеѓу болеста и одреден вид на пестицид, ненаучно е да се носат заклучоци врз основа на променливи посредни докази.

enauka.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1