Во периодот јануари-септември годинава се натурализирале односно добиле швајцарско државјанство 25.600 странци, што е за 3.000 “нови“ Швајцарци повеќе споредено со истиот период лани, кога државјанство на Швајцарија добиле 22.700 странци.
Меѓу оние кои се стекнале со швајцарско државјанство се и 840 македонски граѓани.
Според податоците од Федералниот Сектретаријат за миграција, што ги пренесува порталот на албански јазик од Швајцарија, Албинфо, најголем број од натурализираните Швајцарци се од Германија или 3.517, потоа од Италија, 3.463, од Португалија 2.092 лица. Четврти по бројот на добиени швајцарски пасоши се Косовците со 2.064. Веднаш зад Косовците се Фрнцузите 1.510, Турците 1.214, Србите 1.128,Шпанците 920.