За девет месеци 840 Македонци добиле швајцарско државјанство


Во  периодот јануари-септември годинава се натурализирале односно добиле швајцарско државјанство 25.600 странци, што е за 3.000 “нови“ Швајцарци повеќе споредено со истиот период лани, кога државјанство на Швајцарија добиле 22.700 странци.pasos

Меѓу оние кои се стекнале со швајцарско државјанство се и 840 македонски граѓани.

Според податоците од Федералниот Сектретаријат  за миграција, што ги пренесува порталот на албански јазик од Швајцарија, Албинфо, најголем број од натурализираните Швајцарци се од Германија или 3.517, потоа од Италија, 3.463, од Португалија 2.092 лица. Четврти по бројот на добиени швајцарски пасоши  се Косовците со 2.064. Веднаш зад Косовците се Фрнцузите 1.510, Турците 1.214, Србите 1.128,Шпанците 920.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1