За досадните – Најдобра Фејсбук апликација на сите времиња!


 

Ве нервираат постовите на вашите пријатели на Facebook? Еден куп на статуси, коментари, фотографии, врски, апдејти од минута во минута, филозофски цитати..?„Defriendition“ е вистинска апликација за вас!


За да ја избегнете обврската да им објаснувате на пријателите зошто ги бришете од листата и евентуално да избегнете во лице да им речете дека ги замарате, оваа апликација ќе ви овозможи да им потенцирате дека не се согласувате со нивниот начин на користење на Facebook и ќе се одморите од нив за извесно време.

Тоа што треба да го направите е да дозволите пристап на апликацијата „Defriedition“ до вашиот Facebook профил, а тоа можете да го направите на следниот линк.
Апликацијата „Deftiendtion“ има само една страница, каде што треба да го внесете вашето име на пријателите од кого сакате да „искулирате“ некое време, причината поради која сакате тоа да го направите, периодот на паузата, а на крајот имате можност во посебно поле да го копирате линкот , цитатот или сликата како постојано бидете во можност да се присетувате на тоа.
Откако ќе го пополните образецот, пријателите кои сте ги избрале, преку Facebook линк, ќе добијат известување, дека поради таа и таа причина, сте го ставиле на „одмор“ на одреден број на саати. На тој начин ќе му ставите до знаење дека не се согласувате со некои негови објави и дека во иднина би требало да поведе сметка за истите.
Јасно видливо предупредување, кое „Defriendition“ го става на вашиот и на ѕидот на пријателот, би можело да биде доволна причина за да тој престане да ви додева. Така, постои можност да и ова предупредување го поставите на Твитер.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1