Кинезите ќе го градат првиот стаклен мост во светот (Видео)


Планинските столбови во Вулингјуан во кинеската провинција Хунан се спектакуларни. Столбови од карпи на чии врв има дрва изгледаат како да се од филм.

Сега оваа прекрасна глетка ќе добие уште едно чудо. Кинезите планираат токму тука да изградат мост од стакло кој ќе ги спојува столбовите и ќе овозможи спектакуларна глетка.

Ова ќе е прв стаклен мост на светот а ќе почне да се гради во 2013 година. Кинезите се оптимисти дека ќе го завршат за само една година.

Сепак мостот нема да е стаклен туку посебна врста на овој материјал дизајниран специјално за кинескиот вселенски програм. Овој материјал никогаш претходно не е користен во изградба. Мостот ќе е долг 307 метри, широк 2,3 и ќе спојува два врва на Вилинјуан на висина од 400 метри. Се проценува дека изградбата ќе чини 42 милиони долари.

Погледнето го видеото – делот во кој се зборува за мостот е на 4:20 минути

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1