За Фуере, во Македонија немало слобода зашто немало геј бракови


Еден од најактивните поддржувачи на политиките на СДСМ Ерван Фуере денес даде изјава со која иницира легалзиација на геј браковите во државата и дека тоа неможело да се случи затоа што немало доволно слобода.

Граѓаните на Ирска ќе имаат право да кажат „да“ или „не“ на референдум за следното прашање: „Бракот може да се склучи според законот меѓу две лица без разлика на нивниот пол. Кога граѓаните на Македонија ќе имаат можност да изберат? “. Тој всушност прашањето за геј браковите го доведува во конотација со актуелната политичка ситуација и кажува дека геј браковите не можеле да се легализираат бидејќи имало страв и заплашување во Македонија.

fuere

Фуере не открива дали симпатиите СДСМ ги добила поради ветување за легализација на геј браковите чиј што поборник е Фуере.

Главната цел на Фуере секогаш му била сексуалната ориентација, а ставовите на оваа Влада кон тоа прашање секогаш му беа мета за критикување. Уште во 2010-та година Фуере не ја криеше темата на која има најголема критика кон премиерот и министрите.

Тој тогаш наведе неколку закони кои не ги рефлектираат стандардите на ЕУ, како тој за недискриминација во кој Владата не ја вклучи сексуалната ориентација на која инсистира Брисел, пишуваше Утрински весник во 2010 година.

Фуере секогаш бил под капата на СОРОС и како сите останати кои земаат пари од касата на Милчин, работеше против македонските интереси. Но, сега, Фуере нема никаква функција, ниту пак моќ да носи било какви одлуку и ставови.

Инаку тој е познат и по тоа што не го признаваше постоењето на Македонци и македонска нација. Во 2010 година Фуере го презентираше извештајот на Европската комисија за напредоктот на Македонија во кој никаде не се спомнуваше придавката македонци.

Во извештајот за напредок на Македонија, на ниту едно место не се споменува се македонски јазик и Македонци. Наместо тоа Комисијата ја користеше формулацијата официјален јазик и граѓани на државата.

Фуере на новинарско прашање тврдеше дека Брисел се придржува до официјална политика. За Фуере Република Македонија е БЈРМ а јазикот и нацијата е граѓани на БЈРМ.

– Акронимот кој го споменувате никогаш не се користи и нема да се користи во овие извештаи. Тука јасно стои дека ова е работен документ за Поранешна Југословенска Република Македонија. Тоа е привременото име за кое сите сте свесни – изјави Фуере.

Denesen.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1