На тестовите за интолеранција на храна речиси секој резултат покажува дека луѓето не можат да толерираат млеко и воопшто нашиот организам кога сме возрасни не може да го поднесе млекото и не треба да се консумира. Има некои прехранбени производи кои се исто така богати со калциум – магдонос, суви смокви, сусам …
По сите овие страшни приказни за токсични супстанции во исхраната на кравите би требало да знаете дека воопшто не е препорчливо возрасни луѓе да конзумираат млеко. Нема друг пример ниту меѓу животните во природата, откако ќе престанат да растат и понатаму да пијат млеко од други животни. Тоа го прават тоа само луѓето.
Д-р Ана Гифинг специјалист по медицина која се занимава со правилна исхрана дека и на балканот во 1984 година. година, имало препорака на децата постари од три години да не им се дава кравјо млеко. Сега ова е променето – Светската здравствена организација дава препораки дека децата не треба да пијат кравјо млеко само во првата година од животот, бидејќи има ризик од метаболички нарушувања.
Калциум
Кога станува збор за придобивките кои ги носи конзумирање на млеко и млечни производи, се поставува прашањето ако не се пие млеко како ќе се земе калциум?” но исушени листови магдонос на пример се неколку пати побогати со овој минерал (100ml млеко содржи 106-114 милиграми калциум , додека во сув магдонос има дури 1470).
Впрочем, постои уште еден проблем. Калциум од млекото човековото тело не може да го користи!
Д-р Кембел, од Универзитетот Корнел тврди дека е неприродно возрасните да пијат кравјо млеко. Азијци, Африканци, луѓето од јужна Европа и Латинска Америка имаат проблеми со варењето лактоза. Малку полесно ј варат жителите на северна Европа.
Додека се расте, природата се грижи за телото во кое има ензими кои помагаат во варењето на млекото. Штом престане со раст, ние ги немаме повеќе овие ензими, или ги имаме многу помалку, бидејќи природата вели: “Сега не ви треба млеко”.
Д-р. Кембел укажува на фактот дека ние сме свесни, но бебето треба да пие млеко од жена, теле треба да пие кравјо. Ние сме единствени животински видови на планетава што пиеме млеко од друго животно, и кога ќе престанеме да растеме. Што е нелогично!
Што значи ова ?
Ако имате проблеми со варењето, дистензија во стомак, дијареа или масни наслаги, за тоа можете со сигурност да го обвините консумирањето на млеко. Кога ќе пиете млеко, вашето тело нема начин да го свари, бидејќи нема ензим. Поради тоа млекото е зачувано, се таложи, а тоа е прекумерна тежина.
Идејата дека кравјо млеко е важен извор на калциум (за многу единствениот извор), е пристрасност и нема никаква врска со фактите. Човечкото тело има потреба од калциум за коските, но во различни форми отколку што го има во млекото. Има толку многу храна која е неколку пати побогата со калциум – магдонос, суви смокви, сусам, наут …
Млекото од друга страна во вас внесува животински хормони, што може да доведе до болест поврзана со дебелината. А во телото се создава хормоналната нерамнотежа.
Млечни производи
Јогурт и сирење се, според зборовите на д-р Гифинг имаат ефекти врз телото, бидејќи имаат “добри” бактерии, но не заборавајте овие се млечни производи кои содржат млеко масти и протеини.
Која храна е добра замена за млекото?
Најчесто акцентот на нутритивната вредност на млекото се однесува на високата количина на калциум.
Тој може да се надополни преку јаткастото овошје, како што се бадеми, лешници, и преку зелениот листест зеленчук, како, на пример, кељ. Некогаш одредени компоненти во овие производи (особено во спанаќот) може да попречат во апсорпцијата на калциумот, но не е случај со сите производи, и не значи дека воопшто не се апсорбира калциумот од тие производи, туку само се намалува за одреден процент. Високи количини калциум има и во афионот, сусамот, брокулата, сардината, сојата, одредени алги и др. Дури според некои истражувања, калциумот од зелката подобро се апсорбира од млекото.