За комшиите Охрид е најевтин за Нова година – еве како го фалат и колку чини


Ќе уживате во глетката како Дрим се влева во езерото, во легендите за самовилите и солзите на Билјана, ќе го слушнете чукањето на срцето од ковчегот на свети Наум, ќе пробате лековита вода во дворот на црквата „Св. Петка“, ќе купите сувенири украсени со убави охридски бисери – пишува на понудата на агенцијата. 

Охрид нуди најевтини аранжмани за прослава на новогодишните празници за српските туристи според српскиот портал „С медија“. За 50 евра тие може пречекот на Нова година да го прослават во Охрид. Во цената се вклучени превоз и четири ноќевања со појадок.

nova godina

Туристичката агенција „Макс травел“ го нуди Охрид за Нова година со посета на Скопје. Превозот е од Ниш, а се нудат аранжмани од 49 до 89 евра. Во пакетот се вклучени пет дена, три ноќевања и автобуски превоз.

– Охрид, толку мал град, а има толку многу да понуди… Недопрена природа, ризница на културно и историско богатство, чаршија, град совршен за шопинг, кафулиња, ресторани, клубови за фантастично поминато време, кралски третман на туристите. Една сосема поинаква новогодишна приказна, почувствувана на брегот на прекрасното Охридско Езеро – ги привлекува „Макс травел“ своите клиенти.

Тие организираат посети на многу знаменитости во градот: црквите „Св. Софија“, „Св. Јован Kанео“, „Св. Богородица Перивлепта“, „Св. Kлимент“ на Плаошник, ранохристијанска базилика, Самуиловата тврдина, античкиот театар. По завршувањето на прославата, на 1 јануари, организираат „афтерпарти“ на брод. Kрстарењата се придружувани со настапи на диџеи. За вечерта е закажана реприза на новогодишната ноќ.

– Организираме и факултативна посета на манастирот „Св. Наум“ и на Билјанини извори. Ќе уживате во глетката како Дрим се влева во езерото, во легендите за самовилите и солзите на Билјана, ќе го слушнете чукањето на срцето од ковчегот на свети Наум, ќе пробате лековита вода во дворот на црквата „Св. Петка“, ќе купите сувенири украсени со убави охридски бисери – пишува на понудата на агенцијата.

При враќање во Србија се планира и посета на Скопје и знаменитостите на градот: Kамениот мост над реката Вардар, тврдината Kале, Мустафа-пашината џамија, скопската Стара чаршија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1