Судот во Алжир на две години затворска казна осуди маж кој го извадил своето бебе низ прозорецот со цел да собере повеќе лајкови на Фејсбук, јавува Би-Би-Си. Таткото објавил слика како го држи бебете надвор од прозорецот во висококатница, а на постот напишал: „1.000 лајкови или ќе го пуштам“.
Корисници на социјалните мрежи го пријавиле и побарале тој да биде уапсен.
Таткото бил уапсен под сомнение дека ја загрозил безбедноста на детето.
Според некои од медиумите, настанот се случил на 15-кат на зграда во главниот град, Алжир.