За МПЦ Божиќ е на 7 јануари, без разлика дали во Белград ќе е на 25 декември


Македонската православна црква-Охридска Архиепископија нема да го менува календарот по кој се слават верските празници, без разлика дали СПЦ, како што најавуваат српските медиуми, веќе следната година може Божиќ да го слави по новиот грегоријански календар на 25 декември, пишува Денешен. 

mpcccВселенскиот Патријарх Вартоломеј за 9 март оваа година закажал состанок на сите поглавари на православните цркви во Фанар во Истанбул, со цел дефинирање на конечните подготовки за одржување на севселенскиот собор на правславната црква. Една од точките е и и календарот. верските аналитичари оценуваат дека, ако на овој состанок се дефинираат сите спорни точки тогаш веќе следната 2015-та може да се одржи вселенскиот собор.

Најголем дел од православните цркви веќе го имаат прифатено грегоријанскиот календар, но од друга страна најголем број православни верници се уште се водат по стариот календар бидејќи “старокалендарски” се Руската Православна Црква, која е најборојна, Српската, Патријаршијата во Ерусалим, Грзиската Православна Црква и манастирите на Света Гора. Во овој блок е и МПЦ-ОА.

Портпаролот на САС на МПЦ-ОА, г. Тимотеј за Денешен.мк, тврди дека промена на календарот нема да се случи, без разлика дали СПЦ ќе го прифати новиот календар, но и не верува дека православните цркви ќе постигнат таков договор.

-Тоа ниту теоретски не неможно, а пак практично воопшто. Во словенскиот блок цркви тоа нема да помине. Промена на календарот само би долено нови расколи и поделби, а тоа воопшто не ни е потребно, вели портпаролот на САС на МПЦ-ОА, Владиката г.Тимотеј.

Црковни извори за денешен.мк велат дека во Синодот во моментов нема протажери меѓу владиците кои се за промена на календарот. Во минатото такво нешто заговарал единстевно покојниот Митрополит. г. Кирил, но според изворите на денешен.мк, не токлку колку што верувал во тоа, туку како поддржување на барањето на бизнис заедницата, со кој г. Кирил имаше доври врски.

 

Денешен.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1