Што ви носи кинеската година на Коњот?


Астролозите предвидуваат дека ова ќе биде моќна година во која тешко ќе се прават компромиси и луѓето повеќе ќе се борат за своите идеали. Какви се прогнозите за вашиот знак? Пронајдете ја годината во која што сте родени и прочитајте го толкувањето.

kineska godina konjКоњ

(родени во 2002, 1990, 1978, 1966, 1954, 1942, 1930, 1918)

Годината на Коњот на претставниците на овој знак им носи предност пред другите знаци. Без проблем ќе се снаоѓате во нештата кои од вас бараат лидерски способности, но внимавајте да не се однесувате премногу импулсивно. Освен тоа стојте настрана од коцкањето и шпекулациите поврзани со пари. Што се однесува до љубовта, не очекувате поголеми проблеми. Доколку сте во врска и планирате брак, најверојатно поради околностите ќе го одложите за следната година. Во следните 12 месеци нема да имате посериозни проблеми со здравјето, но хороскопот советува повеќе време да посветувате на физичката активност.

Коза

(родени 2003, 1991, 1979 ,1967, 1955, 1943, 1931, 1919)

Ова е година на поврзување, особено ако сте маж и ако работите со финансии. Трудете се да го зголемите кругот на пријатели и соработници затоа што истите ќе ви бидат мошне корисни во остварувањето на плановите. Постои можност за унапредување на работното место и поголема плата, па затоа мудро искористете ја секоја шанса која што ќе ви се пружи. Не заборавајте да му покажете љубов и внимание на партнерот односно партнерката бидејќи во оваа година многу од врските ќе бидат ставени на тест и подложни на љубовни триаголници. Оваа година ќе имате подобрување на здравствено поле, но ѕвездите ве предупредуваат да внимавате кога станува збор за возењето.

Мајмун

(родени 2004, 1992, 1980, 1968, 1956, 1944, 1932, 1920)

Претстојниот период ќе ве натера да преземете некои радикални чекори, а можеби и да го смените местото на живеење со цел да напредувате во кариерата. Годината носи позитивни вести на финансиско поле, но не толку добри на приватно. Доколку сте сингл имате многу мали шанси да го смените својот статус. Оние кои веќе се во брак ќе бидат сигурни во својата врска и ќе имаат мирен период. Што се однесува до здравјето не ве очекуваат поголеми промени.

Петел

(2005, 1993, 1981, 1969, 1957, 1945, 1933, 1921)

Одлична година за Петелот, се додека знае како најдобро да ја искористи. Често ќе патува и ќе има можност за да го смени работното место. Опасноста се крие во преголемата опуштеност. Иако ќе заработувате добро, внимавајте на што ги трошите парите. Љубовниот живот ќе има подеми и падови. Можни се караници за ситници, но и за сериозни проблеми. Воздржете се коментари за кои подоцна може да се покаете. Срцето и белите дробови ви се на мета оваа година, па затоа треба повеќе да се грижите за себе.

Куче

(2006, 1994, 1982, 1970, 1958, 1946, 1934, 1922)

И оние кои се родени во годината на Кучето совршено ќе поминат во годината на Коњот. Во 2014-та ќе го слушате инстинктот, а тој во најголемиот број од случаите ќе биде право и ќе ве спаси од донесување на погрешни одлуки. Ако не сте во брак пожелно е оваа година да го направите и тој чекор. Оние кои веќе се во брачните води ќе уживаат во интимните моменти поминати со партнерот. Се ќе биде во ред со вашето здравје ако повеќе внимавате на она што го јадете.

Свиња

(2007, 1995, 1983, 1971, 1959, 1947, 1935, 1923)

На почетокот ќе имате тежок старт, но како ќе поминува годината нештата видно ќе се подобруваат. Ќе имате помош од семејството и пријателите кои ќе ви ја дадат поддршката која што ви е неопходна. На финансиско поле ви претстои стабилен период, па затоа не грижете се многу околу малите ситници кои ви повремено ќе ви го попречуваат патот. Помалку здодевна година на љубовно поле, но се може да се смени доколку малку повеќе се потрудите. Лесно ќе се разболувате и лесно ќе заздравувате.

Стаорец

(2008, 1996, 1984, 1972, 1960, 1948, 1936, 1924)

Ова е една од оние години кога нештата не ви се наклонети и кога може да се заплеткате во многу проблеми. Не бидете алчни зашто на тој начин ќе загубите уште повеќе пари. Трудете се да не ги мешате работата и приватниот живот за да не се најдете во ситуација кога се расправете за потполно бесмислени работи. Премолчете кога можете и едноставно повлечете се. Годинава најчувствителни ќе ви бидат белите дробови, бубрезите и половината.

Бивол

(2009, 1997, 1985, 1973, 1961, 1949, 1937, 1925)

Биволот како знак е во конфликт со Коњот и затоа годинава може да имате чести караници со другите луѓе. Сепак, благодарение на вашиот авторитет ќе успеете да го добиете она што го сакате. Не очекувајте многу пари во годината на Коњот и чувајте се од непријателите кои ќе бидат мошне незгодни во следниот период. Кога станува збор за љубовта, бидете трпеливи со луѓето во вашиот живот. Здравјето е релативно добро.

Тигар

(2010, 1998, 1986, 1974, 1962, 1950, 1938, 1926)

Тигарот и Коњот се едни од најкомпатибилните знаци во кинеската астрологија кои делат исто ниво на енергија и страст за животот. Токму затоа ова е одлична и исполнета година за сите родени во знакот на Тигарот. На финансиско поле слободно можете да започнете со приватен бизнис, додека на приватно ако сте сингл лесно да ја најдете љубовта на својот живот и веднаш да стапите во брак. Чувајте се од мали незгоди.

Зајак

(2011, 1999, 1987, 1975, 1963, 1951, 1939, 1927)

Романтична година која ќе донесе многу возбуда, но и многу збунети реакции кои можеби свесно не сте сакале да ги предизвикате. Колку повеќе работите, толку повеќе ќе заработувате и се ќе ви оди од рака. Можно е да се најдете во љубовен триаголник, особено ако партнерот не ви посветува доволно внимание. Уживајте во времето со најблиските и не грижете се за здравјето.

Змеј

(2012, 2000, 1988, 1976, 1964, 1952, 1940, 1928)

И вашиот знак ќе има добра година. Ве очекуваат патувања на кои ќе воспоставите многу деловни контакти и ќе ја зголемите својата мрежа на соработници. Парите ви се смешкаат, но не и љубовта. Изгледа дека повеќе ве интересира големата слика отколку малите нешта и затоа партнерот е во втор план. Имате тенденција кон несреќи ама нема да ви се случи ништо сериозно.

Змија

(2013, 2001, 1989, 1977, 1965, 1953, 1941, 1929)

Минатата година не ви беше наклонета, што не е случај со оваа. Најдобро ќе ви оди на финансиско поле каде што ќе забележите одлични резултати и нема да имате никакви проблеми со парите. Ако не сте во брак, ова е одличен момент да размислите за тој чекор. Не кријте ги чувствата, туку отворено пристапете кон она што го сакате. Во годината на Коњот сте подложни на настинки.

 

Идивиди.ком.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1