Опасно! Храна која е подобро да ја фрлиме


Постои храна од која речиси немаме никаква здравствена полза, а претставува голем ризик по здравјето. Оваа храна не треба да се јаде речиси никогаш:

1. Бел леб – рафинирано брашно

hrana22Витамини, минерали и влакна тука речиси и да нема. При преработката на брашното му се додаваат состојки кои го избелуваат, а можат да делуваат на штитната жлезда и други органи. Купете брашно, додајте му трици и испечете си вкусно лепче дома.

2. Готови (полуготови) конзервирани или замрзнати јадења

Повеќето од овие оброци имаат толку конзерванси, сол, штетни масти и други вештачки состојки, како што се вештачките ароми, што е подобро да ги фрлите отколку да ги јадете.

3. Бел ориз

Интегралните житарки содржат есенцијални влакна, минерали и одредени видови маснотии кои помагаат при задржувањето на витата линија на телото. Белиот ориз е всушност оштетен и осиромашен ориз, чија единствена предност е покусото време за готвење. Освен тоа исто како и белото брашно, белиот ориз предизвикува нагло покачување на нивото на шеќерот во крвта што делува негативно на метаболизмот.

4. Пуканки од микробранова печка

pukankiПуканки подготвени на старински начин се здрави, но оние купени во посебно пакување кое се става во микробранова содржат канцерогени состојки, како диацетил, кој може да ги оштети белите дробови.

5. Суво меснати производи

Во суво меснатите производи секогаш има нитрати и нитрити. Додатоците кои се ставени во нив и во други преработени месни производи како паштети, колбаси и разни салами, се поврзуваат со срцеви заболувања и ракот. Ако јадете суво меснато месо, држете се до домашните производи.

6. Протеински, енергетски табли

Тие често содржат преработени протеини на соја, рафиниран шеќер и хидрогенизирани маснотии и други штетни адитиви кои доведуваат до хронични заболувања. Постојат и здрави верзии на оваа храна, но за дојдете до неа треба многу внимателно да го прочитате составот и да го разберете нивното значење.

7. Маргарин

margarin lebХидрогенизираните масла и маргаринот често се наоѓаат во другата готова храна, како што се кексите и колачите. Избегнувајте ги. За разлика од популарното мислење, дури и путерот и други животински масти, како на пример, свинската, всушност се поздрави од маргаринот.

8. Млеко од соја и соини медалјони како замена за месо

Цела таа лудница по сојата е бесмислена ако имате на ум дека вашата “здрава“ храна всушност е генетски модифицирана, што е случај со повеќето видови соја кои се нудат на пазарот. Освен тоа, не ферментираната соја може да го наруши нивото на естроген во организмот.

9. Диетно – што и да било

Избегнувајте ги диетните производи затоа што често содржат вештачки засладувачи како што е аспартама и сукралоза, кои се поврзуваат со неуролошки оштетувања, проблеми со варењето и потешкотии на жлездите за внатрешно лачење. Диеталните производи често содржат исто количество калории како и “нормалните“ производи, но содржат и други состојки. Докажано е дека воопшто не придонесуваат на намалувањето на тежината.

Tea Moderna

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1