Привремените тетоважи предизвикуваат алергии


Краткотрајните тетоважи врз база на пигмент од кана не се безбедни, предупредуваат стручни лица од американското здружение за контрола на храна и лекови ФДА.

tetovaziПричина за можни зраствени компликации е хемикалијата ППД-PPD (p-phenylenediamine) која и’ се додава на црната кана, а вообичаено се користи во боите за коса. Одкако ќе се стави тетоважата, алргиските реакции може да се јават одма или и после три недели во облик на црвенило, меурчиња по кожата, губење на пигментација, зголемена осетливост или трајни лузни.

Иако црвено-кафениот природен пигмент на каната е сосема сигурен за користење, различни облици на црна кана кои се мешаат со хемикалии за привремен тетоважи немора воопшто да содржат природна кана.

Поради можните алергиски реакции како и зголемениот ризик од појавување на различен вид на дерматитис, стручните лица предупредуваат дека привремените тетоважи треба да се тестираат поради присуство на хемикалии, но и да се ограничи нвното користење.

Особено е опасно привремените тетоважи да се ставаат летно време, бидејќи делувањето а хемикалиите се зголемува со штетното УВ зрачење на кожата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1