Автомобил паднал во провалија на средно Водно


Ж.Т. од планинарско друштво „Бистра“ вчера попладнето пријавил во полиција дека кај локалниот пат за средно Водно, во близина на детското одморалиште имало паднат автомобил во провалија.

provalija-50

Униформирани полициски службеници излегле на лице место, при што пронашле автомобил  „Опел Вектра“ со скопски регистерски ознаки, бела боја паднато во провалија, кое било затворено и празно и по извршената проверка утврдено е дека нема лица во близина на возилото, а сопственикот на истото се уште не е пронајден.

Курир

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1