ФОТО: Убиле рис, а потоа се фалеле на Фејсбук


Четворица босански ловџии на социјалната мрежа Фејсбук се пофалиле дека уловиле рис, кој претставува заштитен вид во цела Европа и неговиот лов е строго забранет.

ris-500Како што информира сараевскиот портал Кликс, „храбрите“ ловџии на Фејсбук објавиле и фотографии на кои се сликаат покрај уловениот рис.

Но, нивните фотогрофии ги забележал „совесен граѓанин“, кој веднаш ги пројавил ловџиите во полиција.

Според Кликс, се очекува во текот на денот четворицата ловџии да бидат повикани на разговор во полицијата.

Ловот на рисот може да ги чини Босанците паричини глоби и казна затврот до една година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1