За нереалните сметки поплаки ќе се поднесуваат и електронски


Нереални телефонски сметки, прекини на интернет-врската, губење сигнал од мобилната мрежа, често менување на телевизиските канали или зрачење на базните станици. За сите овие проблеми со телекомуникациските услуги на операторите од неодамна корисниците можат да поднесат приговор и по електронски пат до Агенцијата за електронски комуникации (АЕK). Ова е една од најважните придобивки од проектот за воспоставување е- Агенција, со кој им се овозможува на граѓаните преку веб-страницата komuniciraj.mk да доставуваат барање за решавање спор со некој оператор во електронска форма. Претходно, за да поднесе барање, граѓанинот мораше да дојде лично во канцелариите на АЕK или да ги испрати по пошта, со што ќе имаше трошоци за поштарина за достава на барањето и на придружната документацијаarticle400_man-phone-yelling-420x0

Во АЕK оценуваат дека со електронскиот приговор се поедноставува и олеснува целата постапка заради подобра заштита на корисниците и побрзо решавање на приговорите.

Според Законот за електронските комуникации, корисниците имаат право да поднесат приговор до операторите во рок од 15 дена од денот на настанатата повреда. Операторот е должен да ги провери наводите и да му одговори писмено на корисникот во рок од 15 дена од денот на приемот на приговорот. Ако претплатникот не е задоволен од донесената одлука по приговорот има право во рок од 15 дена од денот на приемот на истиот до Агенцијата да достави барање за решавање на спор. А, во случај корисникот да не добие одговор од операторот во посочениот рок има право до Агенцијата да достави барање за решавање на спор во рок од 35 дена од денот на поднесувањето на приговорот до операторот.

Забрането исклучување ако се плати месечната претплата

Ако претплатникот поднесе приговор до операторот, а потоа се пожали и до АЕK во врска со износот на сметката, операторот не смее да го исклучи претплатникот с` до донесување конечна одлука од спорот, но претплатникот е должен да го плати износот на месечната претплата во определениот рок.

Претплатникот има право да го раскине договорот без надоместок, како и право на поврат на сите неоправдано наплатени парични средства во случај операторот да не го почитува договорот или неоправдано му го прекине обезбедувањето на услугата за која поднел приговор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1