За Новогодишната ноќ во Франција запалени 1.193 автомобили


Во новогодишната ноќ ширум Франција биле запалени 1.193 празни, паркирани автомобили, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Мануел Валс, пренесоа агенциите.

pozar
Палењето автомобили на Нова година стана „традиција“ во оваа земја од почетокот на 90-тите години на минатиот век, што продолжи и на почетокот на овој век.
Американските медиуми наведуваат дека не постои начин бројот на запалени автомобили во новогодишната ноќ да се спореди со претходните славења, бидејќи конзервативната влада на поранешниот претседател Никола Саркози престана официјално да ги соопштува овие податоци во периодот додека беше на власт.
Светските агенции, меѓутоа, наведуваат дека оваа бројка е наводно горе долу изедначена, бидејќи на 31 декември 2009 година биле запалени 1.147 возила.
За одделни француски стручњаци не е паметна одлуката на сегашната француска социјалистичка влада повторно да почне да ги објавува податоците за бројот на запалени возила во текот на новогодишната ноќ

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1