Жената на дедо Милан не е умрена, а кога ќе умре не се знае!


Милан Ѓошев, 90-годишен жител на штипското село Драгоево стана медиумска ѕвезда во 2012, кога повикал мртовечка кола за се’ уште живата жена, за секој случај да не умре додека селото е завеано со снег па да неможе да викне погребно претпријатие.

stip posmrtnica

Утрински весник го посетио дедо Милан кој вели приказната не е баш како што ја пренеле медиумите. Тој е борец од НОБ со шест одликувања кои секогаш ги прикачува на палтото кога има некоја свеченост

„Јас сум многу стар човек, живеам сам во трошна куќа во Драгоево која само што не паднала. Сум си приспособил една собичка за живот и во неа имам се’ што ми треба. Пред четири години ми се јави пријател од Македонска Каменица и ми рече дека низ гратчето бесцелно скитала помлада жена која била дојдена од Србија и барала човек што ќе ја прибере, ќе и’ даде покрив над глава, кревет за да може пристојно да преспие. Јас сум емотивен човек, ги сакам луѓето, па си реков, ќе ја прифатам. Ем таа ќе има топол дом, ем ќе има кој да ми готви, бидејќи со пензија од 11.500 денари јас можам да се прехранам, да си ги платам сметките за струја, вода и телевизија. И, така, еден ден жената дојде да живее кај мене“, вели Ѓошев.

stip posmrtnica2Но, по кусо време дојденката почнала се’ почесто да бега од дома, да не се враќа по неколку дена, потоа да се врати без да му каже на Милан зошто и каде отишла.

„Јас ја примив, ја хранев, а таа стана неиздржлива. Тогаш се јавив во социјалното и реков да дојдат да ја приберат, да ја удомат некаде, бидејќи животот покрај неа ми стана пекол. Им кажав дека жената живеела кај шест мажи, дека нема дом, дека постојано е болна и и’ е потребна нега, која јас како стар човек кој живее на село не можам да и’ ја овозможам. Тогаш таа беше многу болна и ми беше страв оти може да умре, па на тие од социјалното им реков да пратат брза помош за да и’ помогнат. Бидејќи не го знаев законот, прашав и кој ќе ја погребе ако евентуално умре, кои се моите обврски, бидејќи јас со неа не сум регистриран, туку само сум ја примил како човек да има покрив над глава“, вели Ѓошев.

Тогаш од социјалното, како што вели Милан, пратиле брза помош, но не и мртовечка кола, како што беше објавено од некои медиуми.

„Па жената беше жива, како на жив човек да му порачам мртовечки сандак? И јас сум човек“, тврди овој старец.

dedo dragoevoЖената од Драгоево, не е веќе кај дедо Милан пак заминала некаде и го моли господ да си најде нов дом, да не му се враќа и да не му го нарушува спокојот. Сето ова не’ потсети на една стара драма од поранешна Југославија, во која главната улога беше во чест на извесна постара жена Џекна. Тогаш сите роднини секој ден го прашуваа нејзиниот стар сопруг дали Џекна умрела, а тој на сите им одговараше дека Џекна не е умрена, а кога ќе умре не се знае. Па така и нашиот Милан, човекот кој се најде сред најпикантната приказна во 2012 година, сега не знае ништо за дојденката кај него, бидејќи таа пак фатила магла од неговиот дом.

Утрински Весник 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1