Првото бебе родено во 2013 во Франција има две мајки


bebeСаша е првото бебе родено во Франција на 1 јануари 2013 во една минута по полноќ, а се роди во болницата Мулан во Алие. Саша има и една друга карактеристика, тој има две мајки, Мод и Делфин, јавува дописникот на МИА од Париз.


Саша е создаден со вештачко оплодување во Белгија, каде оваа техника е дозволена за хомосексуалните двојки. „Имаме среќа што оплодувањето беше само со една интервенција. Сите бевем подготвени за нашето мало семејство“ – коментираше за француската телевизија една од мајките.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1