Видео/Фото: Мајка му дала на синот ајфон за божиќ но со ,,делириум,, договор


Мајката на 13-годишниот  Greg Hofmann  му подари ајФон, меѓутоа кога го отворил подарокот следело изненадување – имало договор со 18 точки на кои грег морал да се сложи. Мајката до крајни детали ги разјаснила условите за користење на новиот паметен телефон.

Еве го договорот во целост.

dete i phone

„Драги Грегори,

Среќен Божик! Сега си горд сопственик на ајФон. Добар си и одговорен 13-годишник и го заслужуваш овој подарок. Но со него доаѓаат и одредени правила и одредби. Те молам, прочитај го овој договор. Се надевам дека ќе разбереш дека мојата улога е да те воспитам во здрав млад човек со интегритет, кој може да функционира во светот и да коегзистира со технологијата, а не технологијата да ти го управува животот. Доколку прекршиш некоја ставка на договорот, мораш да го вратиш ајФонот.

Многу те сакам и се радувам на милионите пораки кои ќе ги размените во наредните денови.

1. Тоа е мој телефон. Јас го купив. Јас го платив. Тебе ти го позајмувам. Зар не сум најдобра?

2. Секогаш ќе ја знам лозинката.

3. Ако ѕвони, јави се. Тоа е телефон. Речи ало, биде пристоен. Никогаш не го игнорирај повикот ако на екранот пишува мама или тато. Никогаш.

dogovor4. Секој работен ден во 19:30 телефонот предај го на еден од твоите родители, а во викендите тоа направи го во 21 часот. Навечер ќе биде исклучен, а повторно вклучен во 7;30. Ако не повикаш некоја линија, при што би се јавиле неговите родители, немој да се јавуваш и не испраќај пораки. Води се од инстинктите и почитувај ги другото семејство онака како ние би сакале да не почитуваат.

5. Телефонот не оди со тебе во училиште. Во живо разговарај со луѓето со кои се допишуваш. Тоа е животна вештина. Излетите, деновите кога е скратена наставата и надвор од училишните активности ќе направиме посебни договори.

6. Доколку падне во ВЦ школката, се скрши од подот или едноставно исчезне, ти си одговорен за трошоците за поправка. Искоси ја тревата во дворот, бебиситај и штеди ги парите кои си ги добил за роденден. Тоа ќе се случи, мораш да бидеш подготвен.

Picture-55

7. Не ја користи технологијата за да лажеш, мамиш или да ги правиш будали другите лица. Не впуштај се во разговори кои можат да ги навредуат другите. Прво биди добар пријател и одбегнувај расправии.

8. Не зборувај во пораката, е-мајл или во разговор  ништо што не би рекол во живо.

9. Не пишувај во пораките, е-мајл или зборувај нешто што не би го рекол доколку во иста просторија се наоѓаат и нивните родители. Научи се на автоцензура.

10. Без порнографија. По интернет барај информации кои би можел отворено да ги делиш со мене. Доколку нешто те интересира, прашај некого, најдобро мене или својот татко.

11. Исклучи го, стиши го или воопшто не го користи во јавноста. Посебно во рестораните, кината или во текот на разговор со некој. Ти не си непристојна личност, не дозволувај ајФонот тоа да го промени.

Picture-4612. Не испраќај или примај фотографии од твоите или туѓите интимни делови од телото. Немој да се смееш. Некогаш ќе бидеш во искушение тоа да го направиш без оглед на својат висок коефициент на интелигенција. Ризично е и би можело да го уништи твојот тинејџерски/студентски/возрасен живот. Тоа е секогаш е лоша идеја. Кибер просторот е огромен и е помоќен од тебе. И тешко е да се избрише нешто такво, како што е тешко да се поправи лошата репутација.

13. Не снимај безброј фотографии или видеа. Не мораш баш се да документираш. Живеј ги твоите доживувања. Тие секогаш ќе имаат свое место во твоите сеќавања.

14. Понекогаш телефонот остави го дома и чувствувај се добро со таа одлука. Тој не е жив и не е твој продолжеток. Научи да живееш без него. Биди посилен од чувството дека нешто пропуштиш.

15. Симнувај нова или класична музика, која е различна од онаа што милиони други ја слушаат. Твојата генерација има пристап на огромна количина музика, како никогаш до сега. Искористи го тој подарок. Прошири ги твоите хоризонти.

greg-janelle-hofmann

16. Најчесто играј игри на зборови, сложувалки или мозгалици.

17. Отвори ги очите. Погледни што се случува во светот околу тебе. Гледај низ прозорецот. Слушај ги птиците. Прошетај. Разговарај со непознати лица. Распрашувај се без гуглање.

18. Ако згрешиш, ќе ти го земам телефонот. Ќе седнеме и ќе разговараме за тоа. Ќе почнеме од почеток. Ти и јас секогаш учиме. Јас сум на твоја страна. Во ова сме заедно.

Се надевам дека се согласуваш со овие правила. Поголемиот дел од лекциите не се однесуваат само на ајФон, туку и на животот. Растеш во брз свет, каде секогаш нешто се менува. Возбудлив е и заводлив. Биди едноставен што повеќе можеш. Верувај му на својот ум и срцето пред која било  машина. Те сакам. Се надевам дека ќе уживаш во твојот генијален нов ајФон. Среќен Божик!

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1