Џим Темплтон во 1964 година купил фотоапарат во боја и решил да го искористи убавото време и со сопругата и ќерката да отиде на пикник.
Убавиот семеен момент посакал да го овековечи со својот нов апарат и и рекол на ќеркичката да застане и да позира. Се поминало совршено… до моментот кога Џим ги развил фотографиите.
Џим Темплтон од Англија така станал творец на една од најпознатите фотографии на кои се гледаат паранормални активности.
Имено, зад неговата ќерка јасно се гледа силуета на човек во бело кој личи на астронаут. И Џим и неговата жена до крајот на животот тврделе дека на ливадата освен нив немало никој друг.
Фотографијата станала толку популарна, па експерти од компанијата Кодак морале да потврдат дека не дополнително менувана и дека не се работи за монтажа.
До денес, за неа никој нема објаснување.