За пиштолот на Мијалков казна ќе платат аеродромските полицајци и нивните шефови


Случајот со пиштолот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков ќе заврши со парични казни за лицата од обезбедувањето во ВИП салонот на скопскиот аеродром и неколкумина шефови на турската компанија ТАВ, која оперира со аеродромот, јави МКД.мк.

Предвидената казна според Законот за воздухопловство е повеќе од 30.000 денари.

aerodrom

Надлежна за овој случај беше Агенцијата за цивилно воздухопловство, од каде информираат дека парично ќе биде казнета и компанијата ТАВ.

Мијалков на 15 октомври бил приведен на аеродромот во Белград затоа што во торбата му бил пронајден пиштол со муниција.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1