Германија сериозно е соочена со проблемот на недостаток на помошна работна сила, затоа што секоја година се помалку млади се запишуваат на тригодишните занатски училишта.
Така на пример, рестораните мака мачат со наоѓање помошен персонал, а на таквите огласи за работа никој не се јавува. Ресторан со капацитет од 800 места, бара помошен персонал, но на огласот веќе една година никој не се пријавил, па огласот е објавен повторно. Затоа и платата за ваквото работно место е зголемена двојно односно на 960 евра, пишува “Где инвестирати“, пренесува Курир.
Ова е само една од мерките кои мора да се воведат, затоа што секоја година рапидно се намалува бројката на млади во Германија, кои се пријавуваат за помошен персонал и на обуките кои ќе им овозможат напредување.
Проблемот генерално е во силната германска економија, која бара нови работни места од една страна и малиот природен прираст од друга страна.
Официјалната статистика на Германија покажува дека има 120.000 празни места за чираци, или 14.500 повеќе од минатата година, кога е забележан најголем раст на побарувачката за помошна работна сила во последно време.