За прв пат во историјата: МВР поднесе кривични пријави за навивање


Соопштението на МВР следи во целост.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ж.М.(35), С.Б.(23), С.М.(24), Б.М.(31), М.П.(34), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „насилство” и против Д.Б.(20) од Скопје, М.Б.(28) од Скопје, М.Б.(29), С.Ш.(28), А.Ј.(20), Б.И.(25), Б.Ц.(28), Ш.З.(27), сите од Тетово и В.Т.(17) од село Требош, тетовско поради постоење оснoви на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 02.11.2018 година во периодот од 18.00 до 21.00 часот во Тетово, по повод прославата на 30 години од формирање на навивачка група од Тетово, прво, второ, трето, четврто и петтопријавениот, движејќи се низ повеќе улици, извикувале навредливи пароли. Исто така, на 03.11.2018 година во периодот од 12.00 до 16.00 часот во Тетово, пред почетокот на натпреварот помеѓу екипите на ФК „Тетекс“ од Тетово и ФК „Трим Лум“ од Струга, како и за време на натпреварот, прво, второ, трето, четврто, петто, шесто и седмопријавениот извикувале навредливи пароли.

На 04.11.2018 година во периодот од 12.00 до 15.00 часот во Тетово, пред почетокот на натпреварот помеѓу екипите на ФК „Шкендија“ од Тетово и ФК „Шкупи“ од Скопје, осмо, деветто, десетто, единаесетто, дванаесетто, тринаесетто и четиринаесеттопријавениот, движејќи се низ повеќе улици, извикувале навредливи пароли. Притоа, пред угостителски објект на улица „Борис Кидрич“ пријавените фрлале со камења и стаклени шишиња кон терасата на објектот.“ – стои во соопштението на МВР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1