За прв пат во Македонија – “Зебра” – прва онлајн-емисија


Утре (среда на 23 јануари) ќе се емитува првата онлајн-дебатна емисија што ќе се емитува во живо преку интернет-страницата www.zebraonline.mk.

zebraДобро позната дебатна емисија “Зебра”, која се емитуваше на “Алфа”, отсега ќе се емитува и онлајн. Ќе има две епизоди – едната в среда, а другата в петок. И двете ќе се емитуваат во 14 часот и ќе траат по 20 минути. Ќе се емитуваат во живо од новото студио на “Зебра” преку интернет-страницата www.zebraonline.mk.

Сублиматот од овие две епизоди ќе биде спакуван во емисија, која ќе се прикажува секоја сабота во 16.45 часот на телевизија “Алфа”. Во текот на дебатните епизоди и помеѓу нив ќе може да се вклучуваат и граѓаните и да дискутираат во врска со темата на емисијата. Тоа ќе може да го направат преку своите профили на “Твитер” и на “Фејсбук”.

Изданието на “Зебра” со албански превод ќе се емитува на ТВ “Ера”.

Автори на емисијата се Ели Пешева и Маја Б. Талевска. Дел од проектот се и новинарите Александар Саздовски и Игор Ивковиќ. Проектот што ќе ја анимира интернат-заедницата и ќе ја доближи и до оние што немаат профили на “Твитер” и на “Фејсбук” е поддржан од Амбасадата на Kралството Холандија во Македонија.

Со среќа колеги да ви се множат емисиите и да повлечете нога – иднината е во интернетот

Извор – Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1