За сто години никој нема да се капе во Италија и Шпанија


За сто години, никој повеќе нема да се капе во Италија и Шпанија, туку туристите масовно ќе одат на Балтичко Море, во Летонија и Естонија, тврдат двајца шпански истражувачи.

Како последица на климатските промени, ваквата судбина ќе ја снајдат не само овие две земји, туку и цел медитерански регион, предупредуваат тие, додавајќи дека туристите се повеќе за својот одмор ќе избираат летувалишта во земји од северна Европа.plaza3

Во студијата на Салвадор Бариос и Хуан Николас Ибањез за влијанието на климатските промни на европскиот туризам, се истакнува дека од 2100 година порастот на температурите во европските земји од Медитеранот, посебно во Италија и Шпанија, ќе ги избрка туристите од плажите за време на летото.

Сите убави места на северот на континентот, кои денес се сметаат премногу студени, како што се бреговите на балтичките земји, би можеле да доживеат силен развој на приморскиот летен туризам, наведуваат тие, пишува „Кориере дела сера“.

Шпанските истражувачи предвидуваат дека од почетокот на 22 век, приходите од туризмот во земјите од Медитеранот ќе почне да се намалува за 0,45 отсто годишно, додека во земјите од северна Европа ќе расте по стапка од 0,32 отсто годишно.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1